Квалитетот на месото не се одредува според бојата: Најчести ГРЕШКИ во подготвувањето на храната

Со овие неколку основни совети за правилно подготвување на храната ќе го поминете летото без вообичаените цревни бактерии што напаѓаат преку лошо подготвената храна.-Измијте ги рацете: Сте скршиле јајце или сте допрале живо месо, а потоа сте допрале нешто друго. Она што можеби не сте го знаеле е дека го контаминирате она што ќе го допрете. Затоа, мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, и добро исчистете го делот меѓу прстите и под ноктите. По миењето, добро исушете ги рацете.
-Недоволно зготвена храна: Најдобриот начин да знаете дали храната (месо, јајца и морска храна) е зготвена на доволно висока температура за да ги убие бактериите, е да користите термометар за храна. Бојата не е добар показател на тоа колку месото е зготвено, па дури и ако е кафеаво во средината. Свинското, телешкото и јагнешкото месо се доволно зготвени на 71 целзиусов степен ако се мелени, а на 62 ако се цели, додека пак пилешкото и мисиркиното месо се зготвени кога ќе постигнат температура од 73 степени целзиусови.

Одмрзнување на храната: Лесно е да се извади месото од фрижидерот и да се стави во мијалникот за да се одмрзне. Но, надворешниот слој на храната може да се одмрзне додека средината се уште е смрзната. На тој начин, бактериите се размножуваат многу брзо. Затоа, одмрзнувајте ја храната држејќи ја во фрижидер, во микробранова печка или во ладна вода што ќе ја менувате секој половина час. Ако ја одмрзнувате храната со помош на микробранова печка, веднаш потоа згответе ја.
Чисти садови: Ако користите чинија во која имало живо месо пред да го ставите на скара, постои опасност од контаминација, бидејќи бактериите од живото месо останале на чинијата.
Правило од 2 часа: Храна како зготвено месо, јајца и млечни производи мора да бидат ставени во фрижидерот по 2 часа стоење надвор. Ако не сте сигурни колку време храната не била во фрижидер, фрлете ја.-Измијте ги рацете: Сте скршиле јајце или сте допрале живо месо, а потоа сте допрале нешто друго. Она што можеби не сте го знаеле

Пронајдете не на следниве мрежи: