Со децении научниците мислеле дека за раст на смртоносниот облик на туморна мозокот е потребен шеќерот.Откритието дека мастите, а не шеќерот (како што се верувало претходно) се извор на енергија на ракот, отвара потполно нови можности за развој на лековите против оваа болест.
Со децении научниците мислеле дека за раст на смртоносниот облик на тумор на мозок е потребен шеќер.
Но, сега откриле дека трикот кој го користеле за одгледување на ткиво во лабораторија всушност ги измамил и дека на клетките на ракот им се потребни масти за раст на ракот.
Откритието довело до потполно нов пристап во лечење на оваа болест што би можело да допринесе за создавање на лекови кои би можеле да го продолжат животот на пациетот.
Глиоми, како што се астроцитомите и епендиомите меѓи најтешките облици на рак за лечење, а дури 60 проценти од болните умираат во периодот од година дена.
Докторката Елизабет Стол, која била на чело на ова истражување рекла дека повеќето клетки во мозокот го користатат шеќерот како извор на енергија и затоа се сметало дека клетките на ракот на мозокот функционираат на ист начин.
Но, за време на истражувањето докажано е дек туморите на мозокот всушност реагираат односно се зголемуваат поради мастите, а не шеќерот.
Кога глувците со тумори на мозокот биле третирани со лек кој се вика етомоксир, а кој би ги спречил клетките да апсорбираат масти, докажано било дека растот на клетките се успорил.
„Шеесет години верувавме дека изворот на енергија на сите тумори е шеќерот, но испадна дека, барем што се однесува до туморот на мозокот, сме погрешиле“, рекла докторката Стол и додала дека е можно различи видови на рак да користат различни извори на енергија на ист начин како што го прават тоа различните делови од телото.Откритието дека мастите, а не шеќерот (како што се верувало претходно) се извор на енергија на ракот, отвара потполно нови можности за