Тргнете се од фрижидерот и прочитајте ги нашите совети:Без разлика на каква диета сте љубител, сите имаме свои пороци. Некои обожуваат слатки, додека пак, други постојано нешто грицкаат. Познатата нутриционистка од САД, Ариел Фирман, ги дава овие едноставни совети за да ја држите исхраната под контрола
ЈАДЕТЕ ПРЕБРЗО: Кога ја спуштате вилушката, сфаќате дека вашата пријателка се уште не започнала со јадење. Ова не значи дека не се храните здраво, туку дека брзате. Еве како да го забавите јадењето:
-Заблагодарете се: Некои луѓе се молат пред јадењето, а ако тоа не е ваш стил, предлагаме да земете длабок здив и да речете „благодарам“ без разлика дали се работи за ужина или за голема вечера.
-Нека се топи: „Замислете си дека имате мало парче од најфината чоколада. Во неа ќе уживате само ако ја голтнете мижејќи, додека таа се топи во вашата уста“, советува Фирман.
-Бидете присутни: Мулти-таскинг е корисна вештина во другите сегменти од животот, но кога јадете немојте да ги проверувате мејловите и новите постови на Инстаграм.
ЈАДЕТЕ ПРЕМНОГУ: Повторно внесувате повеќе калории од тоа што ви е потребно, но овој пат не е во прашање брзината, а иако желудникот ви вели дека е полн, вие би изеле уште еден залак.
-Џвакајте: Ако секој залак го џвакате 15 до 30 пати, можете да го детоксицирате телото, да се ослободите од вишокот на килограми и да ја вежбате контролата на порциите.
-Понесете го јадењето дома: Оброците во рестораните често се преголеми, па затоа паметно е да ги поделите со пријателите или да замолите да ви ги спакуваат за да ги изедете подоцна.
-Вечерајте со стил: Дури и ако јадете сами, поставете убава чинија и послужете се со чаша вино. По стресниот ден вечерата со свеќи помага да се опуштиме.
ГИ ОБОЖУВАТЕ СЛАТКИТЕ: Едноставно не можете да си помогнете и чоколадата е составен дел од вашата корпа во супермаркетот. Дали знаете дека колку повеќе јадете шеќер, толку повеќе чувствувате потреба од него?
-Пијте вода: Понекогаш желбата за благо е знак на дехидрација, па наместо по чоколадо, посегнете по чаша вода.
-Јаглените хидрати не се ваш непријател: Ако во доручекот додадете сложени јаглени хидрати како житарките, тие ќе ви помогнат да го одржите нивото на шеќерот во текот на денот. Овошјето, кое содржи природни шеќери е исто така добар избор.
-Почестете се со нешто друго: Често желбата за благо е последица на вашите мисли и емоции, што значи дека можеби ви треба нешто слатко во животот, а не во желудникот. Наместо да јадете благо, поразговарајте со пријателите или посетете салон за убавина.
ПОЛНОЌНО ПРЕЈАДУВАЊЕ: Гледате филм на троседот, и одеднаш пребарувате во фрижидерот во потрага по што било.
-Не заборавајте: Имате многу обврски, но без разлика на претрупаниот распоред, морате да јадете. Фирман препорачува среден доручек, голем ручек, мала вечера и неколку здрави ужинки меѓу оброците.
-Проверете ги мотивите: Кога на сред ноќ ќе се надете пред фрижидерот, размислете дали навистина сте гладни. Понекогаш сакате храна што ќе ве утеши бидејќи сте тажни или осамени, а решението за тие проблеми не се наоѓа во кујната.
-Време за вечера: Фирман препорачува да вечерате два до три часа пред спиењето, а ако и понатаму сте гладни, напијте се природен чај како камиилица со млеко од бадеми.
САКАТЕ ДА ГРИЦКАТЕ: Ви треба нешто солено или само ви е здодевно: без разлика на причината, со овие совети полесно ќе престанете:
-Седнете: Кога јадете, тргнете го мобилниот телефон и седнете, бидејќи многу повеќе ќе изедете ако стоите пред фрижидерот и зборувате на телефон.
-Не јадете од ќесичка: Дури и ако грицкате нешто здраво како на пример лешници, извадете ги од кесичката и ставете ги во мал сад за да гледате што внесувате во организмот.
-Проверете ги информациите: Ако прочитате што пишува на кесичката со чипс, можеби ќе го промените мислењето.
ЈОЈО ДИЕТА: Ова веќе е добро познато. Ги пратите најновите трендови во светот на диетата, но се уште не знаете дека со строга диета ќе ги изгубите килограмите само привремено. Она што мора да го промените е стилот на живот.
-Почитувајте го правилото 80/20: Во 80% од случаите негувајте го телото со квалитетна храна, со многу вода, со цели житарки и протеини. Останатите 20% од исхраната нека ви бидат уживање во она што го сакате, вели Фриман.
-Мислете на своето тело: хаотичните прехрамбени навики ви штетат и затоа запомнете дека можете да го ресетирате метаболизмот со помош на здрави навики и консумирање на фина храна преполна со витамини и влакна.
-Не одете во крајност: Жените често со денови „го чистат“ своето тело со сокови, а потоа се враќаат на уште полош режим што главно вклучува евтини бургери, што се вистински шок за вашиот организам.Без разлика на каква диета сте љубител, сите имаме свои пороци. Некои обожуваат слатки, додека пак, други постојано нешто грицкаат. Познатата нутри