Ако влезете во една сосема обична градинка во Стокхолм која се вика „Талан“ што значи мала градина со цвеќе, веднаш би посакале да се вратите во детството.
Таа градинка е всушност куќата на Пипи, таму каде што Долгиот Чорап живеела сама.
Во градинката која се наоѓа во центарот на Стокхолм, на призмјето во една зграда со голем двор, 50 деца се стрчаа да не поздрават како нивни гости. На одвај 3 Целзиусови степени над нулата тие си играа во дворот со своите учителки.
Без трошка срам, за рака ме зеде Сем, синооко момче и ме повлече до големото игралиште со песок, на кое имаше големо гнило дрво кое го изфрлило морето.
Успешно приспособување
Ивона Хал, директорка на градинката „Талан“ не запозна со педесетина деца на возраст од една до пет години. Градинката таму не е задолжителна, но одат дури 95 отсто од децата, кои за разлика од Македонците плаќаат многу помалку, односно 15 евра, што е многу малку, со оглед на тоа дека зимаат плата од 2000 евра.
Тоа е концепт на згрижување на деца сосема поинаков од нашиот. Родителите кои сакаат да го пратат детето во градинка, треба да аплицираат одкако ќе наполни 3 месеци, па потоа кога ќе се ослободи место, добиваат известување дека е примено. Тогаш се слави. Воспитувачките 3 дена пред да тргне детето во градинка го посетуваат во неговиот дом, да се навикне на нив, да му ги запознаат навиките и играчките, со цел тоа да биде поопуштено. Користат и други трикови за да го придобијат, на пример, тоа бира, има кукли кои ја преставуваат мајка му, татко му , братчето и воспитувачките, па тоа бира со кого сака да оди, вели директорката Хал.
Оваа сосема обична жена, без шминка и во влечки, ги урна сите стереотипи на другите директорки на градинки кои носат високи потпетици , шминка и фенирана коса.
Таа вели дека не се трудат да бидат втор дом за децата, затоа што не се, туку да ги едуцираат, да ги научат на вистински вредности, да стекнат навика за постојано учење и да ги зближат со своето семејство.
Шарена градинкнка без играчки
Градинката има два ката, и околу 1500 квадратни метри простор. Децата се поделени во четири старосни групи, а секоја група не надминува над 20 деца, кои ги востпитуваат две воспитувачки. Ако имаат дете со посебни потреби, тогаш од државата бараат да им пратат дефектолог или психолог. Има околу 10 занимални, но и прсотор каде децата можат да дремнат. Се е во различни бои, шарено со многу кутии со моливи, боички, мониста, семиња и разни други дребулии за децата. Има разни кабинети по математика, ликовна уметност, занимливости и сл. Не се против компјутерите и модерната технологија, но сепак главниот акцент го ставаат на почитувањето на основните, суштинските вредности, како и почитувањето кон заедничкото окружување. Едноставно градинката е рај за децата.Ако влезете во една сосема обична градинка во Стокхолм која се вика „Талан“ што значи мала градина со цвеќ