петок, 27 ноември 2026
Најново

На конкурсот за традиционалните награди на ДПМ конкурираат 85 книги

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија пристигнале 85 дела објавени во 2015 година. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.ДПМ во текот на месецов  треба да ги објави добитниците на наградите кои ќе им бидат врачени во февруари, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, академици, универзитетски професори, критичари и есеисти.
Како што најави ДПМ, членови на жиријата се: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани, Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасески, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.ДПМ во текот на месецов  треба да ги објави добитниците на наградите кои ќе им бидат врачени во февруари, на свеченоста по повод јубилејот од

Поврзани вести