Александар Атанасов гробарот на Водовод ажуриран ли ви е?

Како и сите во државава во недостаток на весници и на конкретно и непристрасно новинарство и информирање, а загрижена за судбината на МАКЕДОНИЈА, седам по цели ноќи на интернет, читам разно разни информации, и се повеќе дезинформации од порталите од секаков тип.
Една од најактуелните теми, освен Лила и нејзиниот хакиран профил е прашањето за ажурирани и неажурирани членови на опозицијата како главна тема, а никој не смее да писне што нивното целокупно поранешно раководство е на судски рочишта буквално секој ден, од сабајле до вечер.
Читам, гледам и се чудам на препискиве на членовиве на ВМРО и никако да разберам сега кој е ажуриран и е член на ВМРО а кој не е, и зашто тоа им е најбитното прашање во моментов.
Логично би било да има само два одговори на ова прашање.

Имаат проблем со компјутерскиот софтвер за ажурирање и имаат некаков рок согласно партискиот Статут (ко у Централен регистар за поднесување Даночни пријави) на принцип кој поднел, поднел, а кој не, кој го врти – казна, ликвидација и екскомуникација. Или да Ви упростам имаат сериозна фалинка во концептот и забеганоста на ДУБЛЕРОТ, што демек моментално ги раководи и од упикувачите е глорифициран со изразот ЛИДЕРИШТЕ. Смеа.
Во оваа прилика мене лично како граѓанин и симпатизер на идејата на ВМРО а не партијата, ме интересира еден нивен виден член и способен кадар кој го уништи најголемото Скопско претпријатие – господинот АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ.
Треба сериозно да се разгледа целокупното негово работење во ЈП Водовод и Канализација Скопје. Господинот како и секој новодојденец во Скопје длабоко мразеше се што по грешка е од Скопје и живее во Скопје. Неговиот комплекс и бес најверојатно потекнуваа од интелектуална инфериорност која што мислеше дека ќе ја сокрие со константна ароганција без никакво знаење и ќе ги затскрие неговите тајни намери за лоповлук од невидени размери.
За оние кои не се упатени првата негова „стручна“ мерка за подобрување на претпријатието му беше дисциплина на ниво (читај: кодошење од типот кој со кого бил на пауза, кој кога се регистрирал во системот за евиденција и кој што рекол за него и неговата братучетка, која исто така си ја вработи по „стручна линија“).
Да бидам појасна за вакви конкретни мерки треба една „висока стручност“ и компетентност во менаџирањето која он викаат ја добил од претходното менаџирање со базен во Гевгелија и стечајот и колапсот на Колска – Велес. Сите почнавме да се прашуваме зашто баш овој човек е одбран да го унапреди ова претпријатие – гигант во Скопје за Скопје, кога воопшто човекот не ги познаваше ни улиците на Скопје, а не па комплексниот систем на работа на ова огромно претпријатие. Според мои сознанија сепак знаеше која улица е Партизанска…
Ако ги анализираме паролите на тогаш владеачката ВМРО – „знаењето е сила, знаењето е мок“ со која ВМРО се гордееше, дефинитивно може да заклучиме дека истата не се однесува на АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ.
Овој човек беше нешто сосема поинакво, со редица кривични пријави и тепачки, со татко во затвор и семејна историја на криминал. Стана загатка зошто АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ е поставен да ја води оваа фирма.
Насекаде се пишуваше и информираше за проблемите со овој квази лик и иако се обраќавме неколку пати како вработени до институциите и до тогашната Влада предводена од Никола Груевски, сите негови советници, бевме замолчувани со истиот одговор. Нему никој не му може ништо, он е на Груевски.
Реформаторите кои што веќе се дел од ВМРО, поточно тричетворица од нив, многу често баш за него правеа прозивки (види прес за АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ криминалецот). Прашувам дали они се информирани и можат во моментов да одговорат дали АЛЕКСАНДАР АТАНАСОВ е ажуриран?
Епа сега вака Јавно да го прашам Господинот Мицковски дали оваа битанга, криминалец, необразован човек со единици и двојки, човек со кривични пријави и судски рочишта, без диплома (појаснување: не му е нострифицирана во Република Македонија. Значи по нашите закони овој лик е со средно образование) е АЖУРИРАН член на ВМРО или е НЕАЖУРИРАН?
За се што е напишано во текстот авторката ни прати документи на маил и во догледно време ќе ги објавиме.
Во следниот текст за нелегалното фактурирање, провизиите на извршителите и нотарите, фирмите со дебели тендери од кои едната од нив веќе и го вработи Александар Атанасов, како и за други проневери од периодот на неговото таканаречено ДИРЕКТОРУВАЊЕ, период кога пола Скопје го сврте против ВМРО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.