Одамна се води сериозна и жестока дебата на оваа тема. И се чини дека конечно разврската, судска е на праг. Градовите во Германија можат да започнат да ги забрануваат старите дизел автомобили и тоа веднаш. Вака одлучи највисокиот административен суд во земјата, само неколку денови откако Европската Комисија поднесе тужба против Германија за нејзиниот неуспех да го заштити квалитетот на воздухот во нејзините градови. Германија последните години има проблем со зголеменото ниво на азотни оксиди во поголемите градови како Хамбург, Минхен и Штутгарт поради што германските покраини во кои спаѓаат овие градови уште пред две години воведоа мерки за намалувањето на загаденоста, но истите не вродија со плод. Aдминистративниот суд во Лајпциг донесе одлука со која градовите имаат овластување во секој момент да ги забранат дизел возилата кои не се во согласност со најновите стандарди за емисија на гасови односно кои не го исполнуваат EURO6 стандардот. Во моментов во Германија овој стандард го исполнуваат само 2.7 милиони од вкупно 15 милиони дизел автомобили. Во градови каде што проблемот со загаденоста на воздухот и не е толку голема, судот препорача постепено воведување на забраните почнувајќи од автомобилите со EURO4 стандардот. Пред неколку месеци во интервју за “Funke Mediengruppe”, министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц изјави дека земјата мора да стори се што може за да ги избегне забраните за дизел автомобилите. Во рамките на ова интервју тој ги отфрли повиците владата да понуди финансиски стимулации за добивање на повеќе чисти горилни дизел автомобили и намалувањето на емисиите на штетни гасовид во високо загадените градови. Сепак денес Владата е принудена да застане на страната на забраната и да обезбеди значително подобар квалитет на воздухот. Прв град кој се одлучи да воведе забрана е Хамбург. Oвој втор по големина град во Германија уште од понеделникот започна со поставување на хоризонтална сигнализација за забрана на дизел автомобилите, а според пишувањата на германските медиуми, до крајот на месецот се очекува овој пример да го следат и останатите поголеми градови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.