И зборуваа дека е дебела, денес е прогласена за најсекси жена во светот

Актерката и манекенка Кејт Аптон е прогласена за најсекси жена на светот.
Според изборот на магазинот „Максим“, Кејт е најсексапилна жена во светот. Манекенката истакнува дека за оваа ласкава титула е заслужен долгогодишниот труд и напорна работа.
Убавата манекенка наведува дека во раното детство не размислувала дека ќе се занимава со манекенство и дека ќе влезе во светот на славните.


Прв пат на јавната сцена се појавила во 2010 година, кога работела на ревијата „Dooney&Bourke“.
Кејт Аптон пред неколку години беше осудена од страна на своите колеги, исклучиво поради тоа што според нив не била доволно слаба.


-Ми беше тешко на почетокот, бидејќи луѓето ми зборуваа дека сум дебела. Меѓутоа за да имате вакво тело мора да вежбате и да се храните здраво, објаснила Кејт на која поради вишокот килограми и е забранет пристап во модната линија „Викторија Сикрет“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.