Ураганот Ирма се движи кон САД- итна евакуација на населението

Ураганот Ирма, кој се движи кон североисточни Кариби и јужниот брег на САД, прерасна во петта категорија, по што почна евакуација на населението од некои острови.Властите предупредуваат дека Ирма може да донесе поројни дождови, да предизвика одрони и поплави, со бранови високи до седум метри.
Силината на ветерот, на одредени острови, достигна до 280 километри на час.
Гувернерот на Порторико Рикардо Росело предупреди дека сите одлуки кои ќе бидат донесени во следните неколку часа ќе бидат пресудни, истакнувајќи дека тоа е „прашање на живот или смрт“.
Вонредна состојба е прогласена во Порторико, на Американските Девствени Острови и во цела Флорида.
Во последната седмица, ова е втор ураган на територијата на САД.
Ирма, која претходно денеска разви брзина на ветерот од 215 километри на час, претставува закана и за американскиот источен брег и Флорида, каде синоќа беше прогласена вонредна состојба по најавите дека  ураганот се очекува да стаса за два дена.
Во Порторико, каде исто така е прогласена вонредна состојба, затворени се училиштата, а гувернерот соопшти дека ќе бидат отворени засолништа, во кои ќе можат да бидат прифатени до 62.000 лица.
Во состојба на подготвеност се Националната гарда, како и носачи на авиони, кои можат да учествуваат во спасување. Метеоролозите предупредуваат дека и доколку се избегне директен удар на ураганот, поројните дождови можат да предизвикаат сериозни штети.Властите предупредуваат дека Ирма може да донесе поројни дождови, да предизвика одрони и поплави, со бранови високи до седум метри.
Силинат

Пронајдете не на следниве мрежи: