Легендарниот Оливер Драгоевиќ почина вчера и Балканот тагува по големата ѕвезда.
Медиумите од регионот на големо пишуваат стории за неговиот живот, а една од нив е и за неговото семејство и љубовната афера.
Оливер зад себе ја остави сопругата Весна, со која беше во брак 44 години, 42-годишниот син Дино и близнаците Дамир и Давор (39).
Животот на пејачот беше полн со контроверзии. Публиката ја освои со големи хитови, романтични стихови. Неговиот љубовен живот беше бурен иако се трудеше да го задржи имиџот на мирен, семеен човек.Неговиот брак беше пред сериозно распаѓање кога излезе на виделина неговата секс-афера. Имено, некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно призна дека со Оливер е долги години во врска.