Неговата девојка го фати бидермаерот,а тој избега

Откако сфати дека тој можеби е следниот младоженец, Даниел Гилберт избега без да размислува.
Имено, неговата девојка Рејчер Беслеј го фати бидермаерот на венчавка кај пријател, а потоа Даниел се даде во бегство, а тој урнебесен момент остана засекогаш забележан, пишува Дејли Мејл.
Како што традицијата вели дојде моментот невестата да го фрли букетот со грбот свртена кон групата девојки кои нестрпливо чекаа.

Девојките ги испружија рацете во надеж дека ќе го фатат бидермаерот пред тој да слета, но среќната добитничка беше Рејчел.
Додека таа скокаше од радост што бидермаерот завршил во нејзините раце, нејзиното момче почна да трча.
Според верувањата, девојката која ќе го фати бидермаерот ќе се мажи следна

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.