Министерството за финансии на својата официјална страна ги објави проспектите за аукција на државни хартии од вредност од 3,5 милијарди денари.
Реализацијата на државните инвестиции во Р. Македонија и покрај енормните задолжувања целосно потфрли, покажуваат податоците на Министерството за финансии.
Експертите велат дека задолжувањето на наредните генерации, без вложувања во проекти од стратешка и долгорочна важност станува аларманто.
Парите ќе треба да се враќаат, а државата ќе остане без проекти кои би генерирале добивка како на краток така и на долг рок. Од јануари до јули се реализирани само 21,33 насто од планираните капитални инвестиции за 2018., што е убедливо најмалку во последниве 10 години, покажуваат податоците на Министерството за финансии.
Дека економскиот тим на Владата потфрлил во круцијалните сегменти од својата работа, потврдуваат и загрижените економисти, предочувајќи дека состојбите во економијата се критични.Рекордно ниското ниво на капитални инвестиции продолжува и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза. А, до каде тоа ќе не одведе останува да видиме, сигурно е само дека денес Владата не задолжи за нови 57 милиони евра.