Наташа Беквалац конечно проговори по тешкиот период

Поп ѕвездата Наташа Беквалац од се низ што помина изминативе месеци, излезе уште посилна. Ужива во љубовта на пријателите и семејството, дружење со ќерките Хана и Катја, а се врати и на својата голема љубов, музиката и снимањето спотови.
Наташа Беквалац наскоро на публиката ќе се претстави со нова песна.
-Мојата другарка која го напиша текстот, била многу инспирирана од мојот живот. Не заплакав кога ги прочитав стиховите, бидејќи јас своето го исплакав, веќе не плачам, вели Наташа.


-За овој период кој е зад мене, кога не работев, многу повеќе почнав да ја почитувам мојата работа и сфатив дека без музиката не би можела да живеам. Немам многу време да се осврнувам на минатото, на погрешните избори и лошите луѓе. Имам две деца во различна возраст, кои бараат мое целосно внимание и работа која ја обожувам, така што фокусирана сум на ќерките и кариерата. Уживам во се што ми се случува во моментов, искрена е пејачката.
На прашањето дали се уште верува во вистинска љубов, таа вели: Секако, зошто е животот ако не верувате во љубовта?

Пронајдете не на следниве мрежи: