Што се случува со Мел Гибсон?

Холивудската ѕвезда Мел Гибсон ослабна 14 килограми и намали 27 сантиметри во струкот.
62-годишниот Австралијанец призна дека долго време го мачел вишкот килограми, но една случајна средба во ресторан во Сиднеј пред четири месеци му го сменил животот.
Тогаш актерот ја запознал 45-годишната Саманта Џексон, специјализирана за здрава исхрана. Таа му ветила на Гибсон дека ќе му помогне со совети за здрава исхрана и по се изгледа успеала.
-За само осум недели ослабнав 14 килограми. Целата облека конечно добро ми стои, спијам подобро, не ме боли грбот. Чувството е чудесно! Здрав сум, јадам почесто, но поквалитетно.

Секој ден пијам протеински напитоци и вежбам. Се на се, имам многу повеќе енергија отколку претходно, изјави преполовениот Гибсон.
Неговата советничка за исхрана, Саманта дури и откри како се храни актерот.
За доручек јаде омлет со домат и пиперка, за ручек пилешко со шпаргли, брокула, грав и благ компир, а идеалната вечера се состои од лосос на жар, малку компир и зелена салата.
-Мел изгуби 27 сантиметри во струкот. Се консултираме преку телефон, дневно разменуваме и по 30-тина пораки. Задоволна сум што се придржува до упатствата, изјави нутриционистката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.