Повеќе од 50 лица се убиени, додека над сто војници и поранешни борци се повредени во денешниот напад со автомобил-бомба во воен камп во северниот дел на Мали.
Нападот се случил во воената база во градот Гао, каде се сместени војници на Мали и стотина поранешни борци кои потпишаа мировен договор со Владата.
Се уште никој не презеде одговорност за нападот, но се претпоставува дека извршител е исламска екстремистичка група која се спротиставува на мировниот договор потпишан во 2015 година.Нападот се случил во воената база во градот Гао, каде се сместени војници на Мали и стотина поранешни борци кои потпишаа мировен договор со Владата
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.