Прилепско бебе се родило на ист датум како и својот татко и дедо, во болницата “Аrrowe Park” во Ливерпул, нешто за што веројатноста дека може да се случи е еднаш на 48 милиони случаи, пишува локалниот портал “Леверпул Ехо”.
Филип Павлоски (34) по професија физикален терепевт од Прилеп, ги вчудоневидел вработените во болницата, кога им објаснил дека тој е роден во сабота на 6 октомври 1984 година, а неговиот татко Киро е роден исто така во сабота на 6 октомври 1956 година.
За чудото да биде уште поголемо, сопругата на Филип, Цветомира (31) по потекло од Бугарија, кажала дека и нејзината сестра е исто така родена на 6 октомври 1983 година.
Филип кој работи во “Ројал Ливерпул Болницата”, за “Ливепул Ехо” рекол:
-Очекувавме детето да се роди на први октомври, и си реков супер тоа е пред мојот роденден, но на крајот исходот бил малку поинаков.