Латино дивата и нејзиното момче се заедно од март 2017 година и сите го очекуваме моментот кога Лопез ќе каже “да”. Изгледа дека Џенифер Лопез конечно ја пронајде вистинската среќа во љубовта, односно во Алекс Родригез, поранешниот бејзбол играч.
Парот секојдневно објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а на јавните настани се појавуваат како едно семејство, Џенифер со нејзините деца и Алекс со своите ќерки.
Алекс објави кратко видео од Џеј Ло на својот Инстаграм профил, а сите го забележаа огромниот дијамантски прстен на раката на пејачката, кој навистина е впечатлив.
Обожавателите веднаш започнале да им честитаат во коментари, бидејќи сметаат дека се работи за веренички прстен, но тие сѐ уште не објавиле дали навистина станува збор за веридба.