Жителите на метрополата кои уживаат во снегот оваа година малку подолго ќе почекаат. Според долгорочните прогнози снежни врнежи во главниот град може да се очекуваат некаде во втората половина на декември.
Натпросечно високите температури ќе се задржат и следната седмица, во средината на месецот се најавува заладување, кое до крајот на ноември ќе ги спушти температурите и под просекот за овој период. Кон крајот на овој и почетокот на идниот месец утрата ќе бидат со температури под нулата, а дневните нема да се искачат погоре од 8-от степени.
За втората половина на декември се најавува продор на влажна маса која во комбинација со температурите кои веќе во текот на денот ретко ќе надминуваат 3 степени може да услови снежни врнежи. Според прогнозите влажно време не очекува и за новогодишните и божиќните празници.