Членовите на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија расправата во собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде на дневен ред е барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот “Тенк“.
Прв за збор се јави Трајко Велјановски кој рече дека пресудата за Груевски е политички мотивирана во која нема доказ за направена штета на државата, додавајќи дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.
– Власта преку судството врши притисок и политички прогон. Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист – рече Вељановски.