Третиот нацрт-амандман денес пред Комисијата за уставни прашања

На седница на собраниската Комисија за уставни прашања денес ќе биде разгледан третиот нацрт-амандман за почитување на суверенитетот на соседите. Со овој амандман се отвора членот 3 од Уставот кој гарантира дека територијата на Македонија е неделива и неотуѓива, и дека границата може да се менува само со Закон. Како гаранција дека Македонија нема претензии кон соседите власта во овој член додава дека Републиката ќе го почитува територијалниот интегритет, суверенитетот и политичката независност на соседните држави.
Со разгледувањето на нацрт-амандманите во Комисијата за уставни прашања започна втората фаза од уставните измени. За да поминат четирите нацрт-амандмани во следната фаза потребно е апсолутно мнозинство од 61 глас. Следен чекор е седницата на која предлог-амандманите треба да станат дел од Уставот, за што ќе биде неопходно 80 пратеници да ги поддржат измените, односно двотретинско мнозинство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.