Доналд Трамп е новиот претседател на САД. Светот будно ги следеше изборите, а коментарите по неговата победа се многубројни.Експертите, граѓаните, медиумите денес не штедат прогнози за работата на Трамп и очекувањата од него. Она во што се согласни и оние кои го фалат и оние кои го критикуваа е дека со неговиот избор ќе има промени во меѓународните односи.
Светските медиуми пишуваат за крупни промени во внатрешната политика на САД, а балканските очекуваат промени во меѓународните односи и на Балканот.
За надворешно политичкиот коментатор Драган Милосављевиќ, пак, најголема придобивка од победата на Доналд Трамп е тоа што тој ќе се фокусира на внатрешен план и неговата администрација нема да се меша во внатрешната политика на балканските земји.
– Не може да се очекуваат драстични поместувања во политиката кон Балканот и конкретно кон Македонија, но верувам дека во наредниот период, доколку Трамп си остане на ветувањето дадено во текот на кампањата, неговата администрација повеќе ќе се фокусира на внатрешните проблеми во САД, а помалку кон интервенции надвор, вели Милосављевиќ.
Само платениците на Сорос во Македонија не можат да разберат…
Од изборните резултати во САД незадоволен е новинарот Борјан Јовановски, кој поразот на Хилари го спореди со терористичкиот напад 09.11.2001 во кој загинаа над 3500 лица.
-По 9/11 на Америка и се случува 11/9 – напиша на Твитер новинарот.
Тагата за поразот на Клинтон, не ја криеше ни на Фејсбук.
И Бранко Героски удри по волјата на американските гласачи.
-Честитам на нашите локални трамповци за победата на војводата Трамп. А на другите, се надевам дека им преседна појадокот. Да видат како е кога губиш од… You are fired, напиша новинарот близок до СДСМ.
Експертите, граѓаните, медиумите денес не штедат прогнози за работата на Трамп и очекувањата од него. Она во што се согласни и оние кои го фалат и
Пронајдете не на следниве мрежи: