Низ Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе имаат пороен карактер, а во југоисточните делови ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Температурата ќе достигне до 13 степени.
Во наредните три дена времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините. Нови врежи од дожд се очекуваат од недела попладне.