Почина Горан Стефановски

На 66 години во Лондон ненадејно почина драматургот Горан Стефановски. Тој е брат на Влатко Стефановски… Автор е на познатите „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижните награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“, двапати на „Стеријина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.
Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.