Утре во Центар посебен сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека за утре (01.12.) од 12,00 часот е закажан јавен собир во Скопје и поради тоа ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно истиот ќе биде пренасочен на улицата „11-ти Октомври“ и улицата “Димитрие Чуповски“, потоа на потегот од крстосницата помеѓу улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ до крстосницата помеѓу улицата „11-ти Октомври“ и улицата „ Филип Втори Македонски“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.