Руските медиуми ја пренесоа веста дека бункерите, кои се способни да ги издржат ударите на атомска бомба, интензивно се градат низ Русија, а американските известувачи се убедени дека Путин се спрема за нуклеарна војна.Русија се спрема за голема војна, за која се верува дека ќе биде нукеарна, и дека тие ќе ги лансираат првите ракети.
САД не се припрема за голема војна, а уште помалку за нукеарна, тоа е загрижувачко, вели Марк Шнајдер, поранешен вработен во Пентагон задолжен за нуклеарна безбедност, пренесуваат домашните медиуми.
До сега, ЦИА идентификуваше два бункери во Вороново и Шарапово, а се гради и огромен команден центар за случај на нуклеарна војна, во близина на планината Јамантау на Урал.
-Алармантно е тоа што руските доктрини подразбираат дека тактичкото нуклеарно оружје може да се користи во конвенционалните војни, изјави генерал Кертис Скапароти, командант на силите на САД во ЕУ.
Секој ден се зголемува можноста за почето на нуклеарна војна меѓу САД и Русија, изјави Лорен Томпсон, експерт за безбедност во влијателниот институт „Лексингтон“.
-Најверојатното место каде ќе дојде до воен конфликт е Балтикот.
Историјата еден ден ќе забележи дека најголемата грешка на американските лидери беше тоа што ја занемарија можноста за нуклеарна војна меѓу САД и Русија по Студената Војна, порачува тој.
Инаку, да потсетиме на изјавата на заменикот на американскиот министер за одбрана Мајкл Карпентер од пред неколку месеци, кога изјави дека НАТО се целосно немоќни пред Русија.
-НАТО не може да се одбрани во областите со најизложените членки. На руските трупи им се потребни најмногу 60 часа да ја освојат Естонија и Летонија.
Ваков брз пораз би му оставил на НАТО мала можност за одбрана, изјави тогаш тој.
Русија се спрема за тестирање на напреден нуклеарен проектил, за кој НАТО нема решение, ракети од типот RS28, наречени „Сатана 2“.
Тие имаат развиено подморница која е способна да испали нуклеарна бомба, а работи и на производството на хиперсонични ракети.Русија се спрема за голема војна, за која се верува дека ќе биде нукеарна, и дека тие ќе ги лансираат првите ракети.
САД не се припрема за