четврток, 26 ноември 2026
Најново

Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со Предлог буџетот за 2019. година, кој е на комисиска расправа во Собранието на Р.Македонија предвидени се повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019. година и за уште 5%  почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019. година. Во септември 2019. година за 5% ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници.
– Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.

 

Поврзани вести