Научниците заклучуваат дека паметните жени често знаат да ги исплашат мажите кои сметаат дека тие имаат преголеми очекувања.
Понатаму, жените често знаат да си ја потценат сопствената интелигенција во обид да им бидат привлечни на мажите. Се смета дека мажите ги гледаат паметните жени како свои ривали и дека тоа им штети на нивното его.
Теоријата дека мажите се плашат од паметни жени е поткрепена со најновото истражување на полски економски теоретичари.
Сигурно во филмовите сте гледале примери за „speed dating“ или „брзи состаноци“. Станува збор за настан на кој луѓето имаат неколку минути да разменат пар реченици и да си кажат нешто за себе, а откако ќе истече времето, преминуваат на следната маса и следниот човек. На крај, оние кои највеќе си се погодиле во тоа кратко време, можеби ќе договорат и вистински состанок.
Целта на истражувачите била да предвидат дали едниот партнер ќе му се допадне на другиот во однос на интелигенцијата и физичките предиспозиции на мажот или жената кој седи наспроти нив. Истражувачот кој го водел целиот проект под покровителство на Економскиот факултет во Варшава ги проучувал и анализирал резултатите на 500 студенти кои се појавиле на овие настани. По секој состанок требало да се изјаснат дали би сакале повторно да ја видат таа личност. Исто така требале да го оценат својот соговорник од 1 до 10, а во прашање била процена на интелигенцијата и изгледот. Истражувачите ги анализирале податоците и користеле тактика наречена логичка регресија. И потоа, навистина можеле да предвидат дали некоја личност ќе каже ДА или НЕ за некој врз основа на изгледот и паметот.Што сакаат жените?
Веројатно нема да ве зачуди фактот дека тие дошле до сознанието дека секогаш претпочитаат згодни мажи. Но, тие ни ги одбивале сите помалку атрактивни луѓе, ако некој е непривлечен, но сепак интелигентен, тој и натаму имал добри шанси кај жените. Иако на нивната одлука изгледот има поголемо влијание од интелигенцијата, сепак мажот чија интелигенција ја оцениле со 10, има 30% поголеми шанси од сите останати.
Што сакаат мажите?
Истражувањата покажале дека жените не се толку пребирливи како мажите. Кога мажите ќе оценат некоја жена со 4 за изглед и 2 за интелигенција, речиси е сигурно дека нема да ѝ се јават повторно, што не е случај кај жените. Меѓутоа, резултатите не исти кога зборуваме за убавина и интелигенција. Како што се зголемува убавината, тие се подготвени да кажат ДА, независно од интелигенцијата. Мажите повеќе ценат изглед, а помалку интелигенција.
Она што е најинтересно е тоа што научниците велат дека постои одредена точка кога мажите престануваат да ја вреднуваат женската интелигенција. Кај жените е поинаку, колку повеќе е мажот поубав или попаметен, толку е поголема веројатноста да го изберат него. Знаат да дадат предност на убавината пред интелигенцијата, но најчесто секогаш ќе го одберат мажот кој е малку повеќе паметен или интелигентен. Тоа не важи и за мажите.
Како изгледа оценувањето на жените од страна на мажите? На пример, да земеме дека жената за убавина има просечна оцена – 6, а интелигенцијата е оценета со 2. Таа има само 20% шанси да биде избрана. Ако интелигенцијата биде оценета со 4, тогаш шансите ѝ се 30%. Ако интелигенцијата порасне на 6, таа има 40% шанса. Но, доколку интелигенцијата продолжи да расте и по 6, истражувањето вели дека нема да се случи ништо! Процентот ќе остане ист! А доколку нејзината интелигенција е оценета со 10, нејзините шанси се намалуваат и од 40% стануваат 30%.
Заклучокот е дека жената која е многу паметна има помали шанси да биде избрана отколку жена која е подеднакво привлечна, но има пониска интелигенција.