По повод одржувањето на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција синоќа на белградскиот аеродром пристигнал грчкиот премиер Алексис Ципрас кој бил пречкан од шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Грчкиот премиер денеска ќе се состане со претседателот на Србија Александар Вучиќ, по што двајцата тие ќе учествуваат на седницата на Високиот совет за соработка меѓу двете земји. Според изјавата на министерот Дачиќ, овој совет претставува посебен вид на зацврстување на сораборката и јакнењето на врските меѓу Србија и Грција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.