Не ги голтајте мастиките: Доктор открива што се случува со нив кога ќе влезат во нашиот дигестивен тракт

На сите ни се случило несакајќи да проголтаме гума за џвакање, а митовите кои се шират за тоа што се случува потоа, како на пример – „ќе ти се залепат цревата“, неретко и претерано загрижуваат.
Гастроентерологот д-р Лиса Ганџху за Базфид открива што точно се случува кога ќе голтнеме мастика и дали постои причина за загриженост.


-Нашиот дигестивен тракт е исклучително силен. Ако може да преработи парче месо, може и мастика. Кога тоа еднаш ќе влезе внатре, ќе излезе како и се останато. Не постои одреден временски период за преработка на мастиката, оти тоа зависи од човекот индивидуално, истакнува докторката и напомнува дека единствената разлика е во тоа што гумата за џвакање не се разградува целосно, поради нејзините својства.
Сепак, Ганџху препорачува тоа да не ни се случува често, бидејќи сепак, мастиката може да се заглави во хранопроводот и да настанат сериозни проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.