Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице, наредена е обдукција, а ќе се вештачи и возилото пронајдено до убиениот.
Според најновите информации 38-годишниот скопјанец Ненад Добраниќ синоќа завршил со прострелна рана во главата, откако во него пукал пријател поради наводен долг од 300 евра.
Соседите и пријателите на убиениот Ненад се во шок и велат дека тој добро се познавал со убиецот кој бил возач во едно од јавните претпријатија.
Полицијата го истражува случајот, а овие информации сеуште не се потврдени.