Како МиГ-15 ја запре американската надмоќ на небото

Супериорноста на исклучителниот ловец МиГ-15 беше еден од клучните фактори кои доведоа до водството на руските пилоти во воздушната војна над Кореја.
Военото воздухопловство на САД во септември 1950 година изврши масовен дневен напад на севернокорејксиот град Синуију. Осумдесет бомбардери Б-29 во нападот предизвика најголеми цивилни жртви по американското бомбардирање на Нагасаки. Целиот граден, изграден од бамбус и дрво, во целост изгоре. Повеќе од 30.000 невини цивили загинаа во пламенот.
Северна Кореја која не можеше да ги запре нападите на воздухопловните сили на САД, Велика Британија и Австралија, се обрати за помош на Москва. Русите ги испратија најновите ловци МиГ-15 со кои управуваа искусни пилоти, ветерани од Втората светска војна.
Резултатот бил драматичен. Во првиот воздухопловен бој помеѓу руските и американските авиони над Кореја на 1 ноември 1950 година Русите урнале два Мустанга без да загубат ниту еден МиГ.
„Американската надмоќ на корејското небо е завршена“ пишува воениот пилот во пензија Сергеј Камаренко во својата книга „Воздушните борби над Источното боиште и Кореја“. На корејското небо руските авиони се соочиле со западните противници во првите судири со борбените авиони на млазен погон. Над полуостровот руските пилоти во повеќе наврати во смртоносните воздушни битки победиле многу поголеми формации на борбени авиони и испратиле десетици бомбардери „во старо железо“. Во оваа статија ќе ги проучиме причините за руската надмоќ над мошне поголемите западни воздухопловни сили.
МиГ-15: Авионот кој го запрепасти Западот
МиГ-15 бил клучниот фактор за воспоставување руска надмоќ. Авионот можел да лета на поголеми височини од западните авиони како што е F-86 Sabre, така што пилотите со леснотија можеле да избегаат, искачувајќи се на височина над 50.000 стапки, знаејќи дека непријателот не може да ги следи.
Како второ, МиГ имал и поголемо забрзување и брзина – 1.005 километри на час во однос на 972 километри на час. Можноста за искачување од 9.200 стапки во минута на МиГ-15 исто така била поголема од 7.200 стапки колку што постигнувале авионите F-86.
Клучен фактор во воздушното војување е вооружувањето. Миговите биле вооружени со топови кои можеле да ја погодат целта на оддалеченост од илјада метри, додека топовите на американските бомбардери Б-29 имале дострел од 400 метри.
Крамаренко објаснува: „Се покажа дека во дострелот помеѓу 1.000 и 400 метри нашите авиони можат да отворат оган и да уништат бомбардери, додека самите се надвор од дострелот на нивните митралези. Тоа беше најлошата погрешна процена на американската команда – грешката на техничарите кои ги проектирале и кои ги произвеле авионите. Во суштина, големите и скапи бомбардери не можеа да се одбранат од топовите на нашите мигови“.
Високоексплозивните куршуми кои ги исфрла МиГ-15 создавале во непријателските авиони дупки со големина од еден квадратен метар. Ретко кој од ваквите авиони повторно би полетал, дури и ако нивните пилоти по некое чудо успеале да се вратат со оштетен авион. Од друга страна, МиГ-15 благодарение на „дебелата кожа“ можел да поднесе повеќе погодоци и сигурно да се врати во базата. Командантот на Воздухопловните сили во пензија, генерал полковник Чарлс „Чек“ Клевлен во изјава за списанието Air & Space: „Мора да се запамети дека малиот МиГ-15 во Кореја успеа да го направи она што сите Фок-Вуфови и Месершмитови за време на Втората светска војна никогаш не успеале да го направат: од небо да ги избрка бомбардерите на американското воздухопловство“.
Пилоти калени во Втората светска воја
Поголемиот дел од руските пилоти кои учествувале во Корејската војна биле воздухопловни асови од Втората светска војна што завршила шест години претходно. Истата ситуација била и со американските и со британските пилоти. Пилотите на сите три земји во Втората светска војна се бореле против врвно обучените пилоти на Луфтвафе, но сега постоела разлика. Воздушните битки кои го следеле продорот на силите на Русија кон Берлин биле немилосрдни. Таму „Црвената воздухопловна сила“ се соочила со сè повеќе очајни, бројно надмоќни, но сепак смртоносни пилоти на Луфтвафе кои ја бранеле својата татковина. Така руските пилоти стекнале подобро борбено искуство и развиле вештини за блиска борба со други авиони која им недостасувала на нивните западни противници.
На пример, првата голема воздушна формација што Русија ја испрати во Кореја, 324. IAD, била дивизија на пресретнувачи со која командувал полковникот Иван Кожедуб, кој со 62 урнати непријателски авиони бил најдобриот ас на сојузничките сили во Втората светска војна.
Подобра тактика
Русите исто така користеле подобра тактика, што им овозможило да стекнат предност над западните воздухопловни сили. На пример, големи формации од мигови чекале во заседа од кинеската страна на границите. Кога авионите на силите на Западот ќе влезеле во „Алејата на миговите“ (како што пилотите на западните сили го нарекувале северозападниот дел на Северна Кореја, поприште на многу воздушни судири), миговите ќе се спуштеле од големите височини во напад. Доколку миговите се наоѓале во неповолна ситуација за борба, се обидувале да се вратат преку границата во Кина. Руските ескадрили на авиони МиГ-15 дејствувале во големи групи, но главната формација се состоела од три двојки авиони. Првата двојка МиГ-15 ги напаѓал непријателските F-86 Sabre. Нив ги штител друга двојка. Третата двојка се задржувала на поголема височина, подготвена да даде поддршка на останатите доколку е тоа потребно. Оваа двојка имала поголема слобода, а можела да нападне и цели по желба, како што се F-86 кои останале без помошно летало.
Руската вклученост во војната имала значаен спореден ефект врз моралот на Северна Кореја и на Кина. Кога Русите започнале со обука на кинеските воените пилоти за управување со миговите, откриле дека Кинезите се во лоша физичка кондиција и дека одвај стануваат од авионот по летачките вежби. Тоа најмногу било последица на нивната исхрана: три шолји ориз и шолја чорба од зелка на ден. По неколку недели исхрана која била вообичаена за руските пилоти, кинеските пилоти биле во состојба да го издржат напорот од воздушната борба. Истовремено, пилотите од Северна Кореја почнале да изведуваат чуда во воздухот. Урнале неколку американски авиони кои претходно кружеле околу нив.
Тврдења и контратврдења
И покрај тоа што советските и кинеските доверливи документи станаа достапни, Военото воздухопловство на САД и понатаму се држат до својата теорија за односот на урнатите авиони 1:7/8/9, иако и тоа е помалку од оригиналните тврдења дека односот бил 1:14, што важи како историски факт до деведесеттите години од минатиот век. Да ја земеме на пример воздушната битка на 12 април 1951 година во која Американците изгубиле 25 стратешки бомбардери и околу сто пилоти. Тој ден е наречен „Црн ден“ и американското воени воздухопловство прогласило една недела жалост. Сепак, Американците тврдеа дека тогаш урнале 11 мигови. „Во стварноста“, вели Крамаренко, „сите наши борбени авиони сигурно се вратија од мисијата, а само три или четири мига имаа дупки добиени од пукање од митралез. Причината за погрешните бројки е фактот дека Американците ги броеле авионите кои ги урнале со помош на системот за фотографирање поврзан со вооружувањето на авионот. Претпоставувам дека американските пилоти сметале оти ме урнале – и тоа барем два или три пати“. Американците на овој начин „урнале“ повеќе мигови одошто имало во борбата во Кореја. Русите имале многу попрецизен метод за бележење на бројот на соборени авиони. Пилотите морале да снимат јасни и препознатливи фотографии на соборениот авион, чии остатоци ги собирал посебен одред и кој го потврдувал бројот. Ова се покажа како проблематично. Многу погодени американски авиони кои се повлекоа кон морето и паднаа во вода не се броеја како руска победа. Понекогаш непријателските авиони паѓале и на недостапни подрачја како што се шуми каде одредот за потрага не можеше да ги најде. Овие соборени авиони кај Русите никогаш не се сметаа како победа.
Во реалноста Русите задавале тешки удари на западните воздухопловни сили. Да ги видиме судирите од септември 1951 година. Според документите до кои е обезбеден пристап од 64 борбена воздухопловна единица на советските воздухопловни сили, пилотите на две советски дивизии собориле 92 непријателски авиона, губејќи притоа само пет свои авиони и двајца пилоти. Но, според американските записи, нивните загуби изнесувале шест авиони. Според истражувањата во периодот по студената војна што ги направија руски и странски научници, бројот на загуби на силите на Западот тој септември 1951 година изнесувал 21 авион, кои биле соборени од мигови. Исто така осум борбени авиони биле толку тешко оштетени што веројатно никогаш повеќе не полетале. Според тоа, дури и ако ги земеме предвид овие мошне конзервативни бројки, односот на загубите помеѓу двете страни за време на судирот во септември е 4:1 во корист на руските пилоти. Но, западните автори, историчари и аналитичари тврдоглаво одбиваат да ги изменат претераните податоци за успешноста на американското воено воздухопловство. Слични неслагања се однесуваат и на Австралија која ја испратила својата 77 ескадрила авиони Gloster Meteor во Јужна Кореја. Еден студен ден во декември руските авиони предводени од Крамаренко во извидувачкиот борбен лет наишле на овие дваесетина авиони од британско производство.
Штом миговите се пробиле во формацијата на „Глостерите“ тој ден станал несреќен за Австралијците. По само неколку секунди земјата била прекриена од неколку десетици пожари кои биле остатоци на тие несреќни авиони. Само еден пилот преживеал и успеал да се пробие низ пеколот на борбата и да се врати дома.
Русите виделе како австралиски пилот бега од борбата помирен со својата судбина и одбива да влезе во борба. „Пробуди сожалување во мене“, пишува Крамаренко. „Глостерите престанаа да бидат непријатели во тој момент и решив да ги оставам на раат. Нека се врати дома на својот аеродром и нека раскаже каква судбина ги начекала остатокот од неговите другари кои сакаа да уништат град во Кореја, а чии авиони завршија во огновите на границата помеѓу градот и неговата железничка станица!“ Крамаренко додава: „И понатаму ме збунува зошто Американците им дозволија на тие жолтоклунци да се ворат во застарени авиони без поддршка на авионите Sabre“. Иако претрпеа тешки загуби, Австралијците веруваа дека урнале еден МиГ во близок судир а дека тие самите изгубиле само три свои авиони. Русите повеќе никогаш не наишле на припадниците на ескадрилата „Глостери“ на корејското небо. Всушност Американците ги поштедиле австралиските сили.
Грешки од Москва
Односот на успешноста во Корејската војна би бил уште поголем во прилог на миговите да не биле непромислената идеја на советскиот водач Јосиф Сталин да ги ротира комплетните екипи на борбените посади. Сталин, кој не ја сфаќал моќта на воздушната борба, на почетокот не им дозволил на авионите МиГ-15 да учествуваат во воздушните борби над Кореја. Како резултат на наредбата на Сталин, млади пилоти со малку или без борбено искуство ги замениле руските асови од Втората светска војна кои биле исклучително успешни во судирите во 1951 година. Тоа им овозможило на деморализираните припадници на американското воено воздухопловство да се вратат во игра и да урнат низа руски авиони. Друг фактор кој им одел во корист на американските сили бил „G-suit“, летачки комбинезон кој им овозможува на пилотите да летаат без изложување на екстремните услови на кои се изложени борбените пилоти.
Советските воздухопловни сили ја немале таа важна опрема и затоа многу руски пилоти морале да го прекинуваат летањето на повеќе недели или месеци за да закрепнат од напорот на борбата. Еднаквост е воспоставена откако поголем број пилоти ветерани од Втората светска војна се вратиле во Кореја, но со смртта на Сталин во 1953 година војната се приближувала кон крајот. Со оглед на фактот дека тоа не била битка за татковината, никој од руските пилоти не сакал да биде последниот кој ќе го изгуби животот во таа војна, па затоа повеќе немало епски битки на небото над Кореја.
Извор: МИГ15

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.