Претскажуваат ли морските чудовишта ново цунами во Јапонија?

На јапонскиот брег морето исфрлило тело на огромна риба, што предизвикало паника кај локалното население дека тоа би можело да биде претскажување за нова катастрофа. Само минатата седмица морето исфрлило три такви риби, а од почетокот на сезоната дури седум.
Некои сметаат дека овие риби, кои може да достигнат должина до 11 метри, се лош предзнак и дека во тој дел на Јапонија наскоро би можело да има земјотрес или цунами.
Најмалку десет вакви риби се пронајдени во Јапонија во 2010. година, само неколку месеци пред земјотресот и цунамито во 2011. година, кога загинаа речиси 19.000 луѓе и целосно беше уништена нуклеарната електрана Фукушима. Ако се земе предвид ова совпаѓање и не е воопшто чудно што Јапонците се загрижени и уплашени од нова можна катастрофа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.