На Ѕидот на сообраќајниот срам се појави фотографија на која се гледа огромен метеж и редици автомобили кај хотелот “Континентал“.
Избегнувајте го овој дел од градот ако седнувате во автомобил денес, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Според информациите на терен во моментов се врши најавената реконструкција на убиството на 20 годишниот Никола Саздовски-Саздо на самото место кај автобуската постојка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.