Ѓоко Котевски: Поднесени и оставката и извештајот за инцидентот во затворот Шутка

Директорот на истражниот затвор “Скопје“ во Шутка, Ѓоко Котевски, потврди за МИА дека вчера до Владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Извештајот за инцидентот, како што рече, го доставил и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции.
Котевски изјави дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот “Скопје“, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: