Премногу трошела: Турскиот актер ја оставил 20 години помладата сопруга

Фејза почнала неконтролирано да троши пари па сопругот и ги затворил сметките и и ги одземал картичките. Неговиот потег многу ја налутил, па почнале да се расправаат. Иако актерот тврдел дека не е вистина, се преселил во хотел.
Турскиот актер, 46-годишниот Озчан Дениз, кој е познат по сериите “Судбина”, “Истанбулска невеста” и “Црна роза”, пред нешто повеќе од 11 месеци се оженил со манекенката Фејза Актан, а пред првата годишнина, парот се разделил. Имено, Фејза почнала неконтролирано да троши пари, па сопругот и ги затворил сметките, и ги одземал картичките и и дал само една која може директно да ја контролира, пренесуваат пријатели на актерот.


Неговиот потег многу ја налутил Актан, па почнале сериозно да се расправаат. Иако актерот тврдел дека не е вистина и дека бракот и натаму им е складен, пред околу 3 месеци се преселил во хотел.
“Таа одвај чекаше да му роди дете па да се однесува како сака. Но, тој не можеше повеќе да ја трпи па одлучи да се исели. Жал ми е што му се случува ова, бидејќи веќе има еден развод зад себе. После тоа внимателно бираше со кого ќе го мине остатокот од животот, но изгледа погреши”, рекол пријател на актерот.
Озчан не сака нова врска туку само старателство над нивниот 11-месечен син Кузеј, па поради тоа ангажирал адвокатски тим.
“Одвај чекав да го добијам тоа дете. Да имаш потомство е најголемо достигнување. Мојот син е решение за сите лоши денови и проблеми. Одвај чекам да почне да зборува и да трчка и да бидеме главни во парк. Тој сега е смислата на мојот живот”, рекол во една прилика Дениз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.