Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција наведе дека од 20 амбулантни возила за Брза помош кои ќе ги добие Министерството за здравство, 12 ќе бидат целосно нови и купени од прва рака.
– Се набавуваат 12 целосно нови возила. Значи, не станува збор само за комбиња кои се донација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од таму ќе се донираат осум комбиња кои се речиси неупотребувани, неискористени, и тие ќе бидат пренаменети за Брза помош. Од друга страна, освен нив, ќе се купат 12 целосно нови специјални возила – рече Бошњаковски.
Тој дополни дека не треба да се бара продажба на „Мерцедесот“ од случајот „Тенк”, зошто тој бил потребен за судските постапки.