„Лебедово езеро“- Одата за моќта на љубовта на сцената на МОБ

Македонската опера и балет ја најавува изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 12 април, со почеток во 20 часот.
Ода за моќта на љубовта!
Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
Во улогата на Одета/ Одилија настапува Мими Поп Алексова-Атанасовскa, Принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија Давиде Буфоне.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.
Диригент: Бисера Чадловска.
Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ каде што ќе ги
држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави „Лебедово езеро“.
Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн:
www.mob.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.