На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници. Во неделата, на католички Велигден, на Шри Ланка избувнаа серија експлозии, а според локалните медиуми нападите ги изведоа бомбаши-самоубијци.
– Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч, изјави пред Парламентот Виџевардене.
Првите шест експлозии беа во три цркви и три хотели, седмиот во западниот дел на островот, а осмиот во станбен комплекс во Коломбо.
Пронајдете не на следниве мрежи:


