Седницата на која ќе се одлучува за одземање на мандатот на екс-премиерот Никола Греувски, кој е во бегство, ќе се одржи утре. Ќе ја води заменик-претседателката Снежана Калевска Ванчева, бидејќи претседателот на Комисијата, Павле Богоевски во четвртоикот си поднесе оставка од пратеничката функција.
Од владејачката СДСМ велат дека нивните пратеници ќе гласаат по сопствено убедување, но сметаат дека Законите треба да важат подеднакво за сите. Од опозицијата, пак, велат дека причините за неговото отсуство од македонското Собрание се познати – политички азил во Унгарија, но велат дека допрва ќе го градат ставот околу тоа како ќе се изјасни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одземање на неговиот мандат, пренесе ТВ “Канал 5“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.