Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) информира дека од почетокот на епидемијата на морбили до сега 1.100 родители потпишале изјави дека нема да дозволат нивните деца да примат вакцина.
Овие родители ќе бидат повикани во ДСЗИ каде ќе може да платат казна од околу 500 евра, а ако не го сторат тоа ќе им бидат поднесени прекршочни пријави и ќе завршат на суд.
Најмногу родителите кои потпишале ваква изјава се од Скопје 593, потоа од Струмица 191, Куманово 93, Битола 50, Штип 40.
Досега овие случаи ретко завршуваа на суд, но поради епидемијата на морбили здравствените власти почнаа поажурно да постапуваат. Се организираа и теренско вакцинирање по училиштата, а родителите кои не сакаа нивното дете да прими вакцини мораа да потпишат изјава.