На социјалните мрежи се појави ново видео од местото на несреќата на скопската обиколница во која вчера животот го загубија две лица, а две се потешко повредени.Како што соопшти ОЈО несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило марка “БМВ“ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Во миговите додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот “БМВ“ се запалил и целосно изгорел. На лице место животот го загубил возачот на “БМВ“-то, додека двајца полицијаци биле пренесени во болница и како што пренесе “24 инфо“ еден им подлегнал на повредите. Повреден е и возачот на камионот кој исто така е пренесен во болница.


