Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши прoмена на цените на горивата. И денес цената ќе биде променета, па дали таа ќе биде пониска или повисока останува да видиме. Минатиот понеделник цената на горивата во Македонија беше зголемена. Според најновата одлука на РКЕ Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 веќе се поскапи за половина денар и се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР. Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 67 денари по литар.
Регулаторна ги пресметува цените според новата методологија за формирање на малопродажните цени, а главни критериуми се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.