Со предлог-законот за измени на Законот за празниците кој денеска ќе се разгледува на собраниската Комисија за политички систем, се планира воведување на уште 10 нови празници.
Неработни денови ќе има за припадниците на словенечката заедница, унгарската заедница, полската заедница, египќанската заедница, хрватската заедница, црногорската заедница, ерменската заедница, бугарската заедница, грчката заедница и руската заедница.
– 8 февруари, празник за припадниците на словенечката заедница
– 15 март, празник за припадниците на унгарската заедница
– 3 мај, празник за припадниците на полската заедница
– 24 јуни, празник за припадниците на египќанската заедница
– 25 јуни, празник за припадниците на хрватската заедница
– 13 јули, празник за припадниците на црногорската заедница
– 21 септември, празник за припадниците на ерменската заедница
– 22 септември, празник за припадниците на бугарската заедница
– 28 октомври, празник за припадниците на грчката заедница
– 4 ноември, празник за припадниците на руската заедница.