Дожд, грмежи, град и ветер- еве какво време не` очекува денес

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 26 до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.


Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.