Еден од нашите најдобри готвачи, кој публиката го препознава по кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Никола официјално стави крај на ергенскиот живот и заплива во брачните води.
Имено, пред некое време тој во емисијата најави дека наскоро ќе се жени со својата Стефанија, а викендов се случи и свадбата.
На социјалната мрежа „Фејсбук“ неговите пријатели објавија фотографии од свадбата на македонскиот готвач и открија дел од атмосферата.
Инаку, Никола и Стефанија го очекуваат своето прво дете и наскоро повторно ќе имаат повод за славење