Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Согласно член 47 од Кривичниот законик на обвинетата Ристовска во изречената казна затвор и се засметува и времето поминато во притвор сметано од 11. 05. 2019 година до започнување со издржување на изречената казна затвор. Судот не и ја отповика претходната условна осуда.
На 10-ти мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.
Извор: Фокус.мк