Стилот и животот на специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева, се имаат променето по запознавањето со Боки 13. Како што дознава “Курир“, пред неколку недели врз неа се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење.
Според податоците, еден таков зафат варира од 7.000 – 10.000 евра, но не се знае колку точно е платено за интервенцијата. Истиот зафат го има направено и Боки 13, три месеци претходно.
Но, оваа интервенција не се поврзува со боледувањето што таа го отворила деновиве.