Двајца ранети на свадба во Мала Речица, едниот е син на пратеникот Џеват Адеми

При пукање од огнено оружје на свадба во Мала Речица еден од двајцата ранети е синот на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми. Вториот ранет е роднина на пратеникот, информираат албанските портали. Семејството Адеми ја потврди веста на порталот “Лајм“ дека синот на пратеникот е ранет од огнено оружје, но демантира дека Адеми пукал при повредувањето.
-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми, додавајќи дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.
– На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.