Сончево и пеколно жешко, температурата до 41 степен

Денес во земјава времето ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Нaсекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен Целзиусов.
И во Скопје и околината сончево и многу топло со утринска температура до 21 степен, а дневна температура до 41 степен. УВ индексот ќе биде 9.
Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.