Тоа не е ниту Париз, ниту Лондон, ниту Сингапур. Тајландскиот град Бангкок е на прво место на најпосетувани градови на светот, пред Париз и Лондон, според годишното истражување Мастеркада.
Бангкок е најпосетуваниот град на светот веќе четврта година по ред со 22.8 милиони посетители. Париз и Лондон се на второто и третото место со околу 19.1 милиони туристи, а потоа следи Дуаби со 15.9 милиони.
Листата ја продолжуваат два града во југоисточна Азија, Сингапур и Куала Лумпур кои го зазеле петтото и шестото место. Според истражувањето кое опфатило 200 градови, во првите десет се сместиле и Њујорк, Истанбул, јапонската престолнина Токио и турскиот град Анталија.
Бројот на меѓународни посетители во 200 градови пораснал за 76 отсто во последните 10 години. Бангкок повеќе години е на врвот на пописот, тајландскиот туризам бележи пад на туристи што не е неважно во земјата во која од туризмот се остварува 12 отсто од приходите.
Помалиот раст на Кина влијаел на падот на доаѓање на кинески туристи во првата половина на оваа година. Но, тој факт делумно го надополниле зголемениот број на индиски туристи. Тајланд го очекуваат околу 2 милиони индиски туристи во 2019-та година, предвидуваат тајландските туристички власти. Од друга страна пак, се оценува дека Кина секогаш ќе биде силно туристичко место.
„Со оглед на тоа што помалку од 10 отсто од кинеската популација има пасош, потенцијалот на кинескиот пазар никогаш нема да избледи“ – изјавил извршниот директор на хотелската групација на “Минор Хотелс“.